Македонскиот женски МЕСИ!!!

Screenshot_1

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова е најсветлата точка на македонскиот женски фудбал. Во мај оваа година Наташа го реализира својот сон и потпиша за шведски Розенгард. Нејзината желба е освојување на женската Лига на шампиони, а оваа година блеска со своите игри за својот клуб.
Настапувајќи рамо до рамо со најдобата светска фудбалерка, Бразилката Марта, Наташа успева да го следи нејзиниот учинок и со седум постигнати гола оваа сезона е само еден гол зад Марта.
Со нејзиниот претходен клуб Турбине ја освои титулата во Германија, а сега е на чекор да стане шампион на Шведска. Изминатиот викенд Наташа одигра уште еден сјаен меч за својот тим постигнувајќи два гола и со тоа го однесе Розенгард на врвот на табелата, на само две кола до крајот.
Нејзината позната “левица” заблеска при постигнувањето на првиот гол, а вториот беше ремек дело во казнениот простор на противничкиот голман.
Од наредниот викенд стартува женската Лига на шампиони каде се надеваме Наташа и оваа година ќе не радува со многу постигнати голови и ќе успее да донесе успех како својот клуб така и за македонскиот спорт.
Наташа несомнено е женскиот фудбалски Меси. Затоа и посакуваме многу успеси и уште многу години да блеска на теренот.

Видеото можи да го изгледате тука




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.