Македонскиот Енди Ворхол со фотографии од Мелбурн на изложба во Прилеп

„Поезија во движење“ од Тони Трипуноски – Геџо е изложбата што ќе биде отворена на 6 јуни 2025/ петок/ од 18 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за изложба на фотографии од наш сограѓанин, кој што живее и работи во Австралија.
Промотор на изложбата ќе биде актерот Игор Трпчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.