Македонскиот борец Горјан Гого Славески ја оствари својата седма победа во БКФЦ (Бокс со голи раце).
Тој го совлада Џа Фар Форт уште во првата рунда со технички нокаут. Победата беше запишана по само една минута и 34 секунди, што уште еднаш ја потврди доминацијата на Македонецот.
Славески агресивно ја започна борбата, веднаш нападна и судијата четирипати ја стопираше рундата пред да одлучи дека Форт не може да продолжи.
Со оваа импресивна партија, Славески сега има вкупно осум борби, од кои седум победи и еден пораз, а како поранешен шампион повторно се наметнува како сериозен кандидат за титулата.
























