Се сеќавате на браќата Борче и Дарко Костовски? Да, тоа се тренерите на феноменот Дејан Георгиевски, а сега се на пат да “создадат” уште еден голем шампион.
– Денес во Тирана на престижниот ПРЕЗИДЕНТ светски Куп Г2 во првото коло Филип Додевски успеа да го совлада олимпискиот шампион Салах Сисе од Брегот на слоновата коска со 21:19. Ајде лаву одиме до крај, напиша на Фејсбук Дарко Костовски.
Можеби не се прославивме во екипните спортови, но затоа Македонија е респектабилно име во боречките спортови. Се надеваме дека овие големи успеси на македонските воини конечно ќе го привлечат вниманието како на медиумите, така и на институциите.