Македонската вojcка добива сѐ поголема поддршка од сојузниците

10 милиони евра од Европа и над 100 милиони долари од САД за поддршка на модернизацијата на нашата Армија

Министерката Петровска во денешното гостување во „Студио 10″ на ТВ24, изјави „Една придобивка од процесот на европската интеграција е дека се отвораат нови фондови во делот на одбраната” во моментов ни стануваат достапни 10 милиони евра од Европскиот мировен фонд наменети за купување на различен вид на опрема за потребите на Министерството за одбрана.

Сојузничката поддршка од Соединетите Американски Држави, станува се погхолема и многу значајна за развојот на македонската армија. Според Петровска за само 10 месеци од оваа година вкупниот износ кој Северна Македонија го има добиено годинава од САД за процесот на опремување и модернизација на Армијата надминува 100 милиони долари.

„Гледате за колку кратко време, колку сме ценети од нашите стратешки партнери, САД за помалку од 10 месеци донесоа одлука за финансиски средства од вкупно 106 милиони долари, поддршка за процесот на модернизација на Армијата”, потенцираше министерката Петровска, објаснувајќи дека не станува збор за заем или кредит кој ќе треба да го вратиме.

Овие средства дополнително ќе го зајакнат капацитетот на Армијата за модернизација – процес за кој се предвидени над 30% од буџетот за одбраната за 2023 година.Овие процеси на опремување со ново, современо вооружување и опрема ќе овозможат македонската армија да стане современа, мобилна воена сила која ќе може да ги извршува сите одбранбени задачи и предизвици кои ќе се појават пред неа, со ниво на обученост и опрема по највисоките НАТО стандарди.

Фото: оклопно борбено возило Страјкер од американско производство – наскоро дел од вооружувањето на АРМ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.