Македонка со фустан со сонцето од Кутлеш и „Јовано Јованке“ направи шоу на „Ѕвездите на Гранд“ (ВИДЕО)

Кандидатката од Македонија Андријана Петрушовска во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ успеа да се пласира во следниот круг од ова шоу.

Иако таа за време на дуелот освои помалку бодови од својата противкандидатка и се влезе во таканаречениот дел од емисијата „бараж“, уметничкиот директор на Гранд, Саша Поповиќ одлучи сите кандидати кои се пласираа во „бараж“ да бидат дел од полуфиналето на Гранд.

Настапот на Андријана е од 58-та минута во видеото во продолжение:

Андријана Петрушовска имаше впечатлив изглед, a ја изведе македонската изворна песна „Јовано Јованке“. Таа беше облечена во црвен кус фустан, на кој имаше наметка со старото знаме на државата.

„Горда сум што можам на македонски јазик и во македонски ритам да ја претставувам мојата Македонија! Одговорност, чест и неопислива среќа е да можам преку музика да говорам за македонската традиција безвременските песни од кои при првиот такт заигрува македонското срце! Ви благодарам на поддршката!!!“, напиша Андријана на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.