Обединетата македонска дијаспора (ОМД) му честита на нашиот претставник за Хјустон, Тексас, Оливера Јанковска за добивањето на наградата Топ 30 влијателна жена на Хјустон за 2019 година на 23 август 2019 година.
Јанковска, која беше добитник на Наградата за волонтерски сервис на американскиот претседател во 2017 година и ОМД Награда за македонска дијаспора 40 под 40 години во 2015 година, е шампион за правата на децата и го претставува УНИЦЕФ како глобален граѓанин – пишува во соопштението испратено од Обединетата македонска дијаспора.