Македонката Илина Арсова направи подгвиг, стана првата Македонка која успеа да ги искачи седумте највисоки врва на сите континенти.
Последниот нејзин предизвик беше врвот Вилсон кој е на висина од 4892 метри на Антарктикот, каде го развиори македонското знаме. Инаку овој подвиг им успеал само на шеесетина жени во светот.
-Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот со ладни раце, но топло срце. Незаборавно искуство и прекрасно чувство, беа првите импресии на Арсова која им се заблагодари своите подржувачи за овој храбар чекор.