Македонијо, преубава Македонијо! Задолжително место за посета на пат за Охрид, прекрасниот храм Св. Козма и Дамјан (Фото галерија)

Црква „Св. Кузман и Дамјан“ над населеното место Опеница кај Охрид

Опеница е село во Општина Охрид кое се наоѓа пред селото Косел од левата страна на патот Ресен-Охрид.

Селото е ридско, на надморска височина од 770 метри, а од градот е оддалечено само 13 километри.

Во опеница има два свети храмови кои морате да ги посетите на патот кон Охрид.

Еден е прекрасниот црковен храм Св. Никола, а вториот кој се наоѓа над селото е црквата Св. Козма и Дамјан.

Камен темелник за храмот бил осветен на 25 октомври 2008 година, а иницијатор за изградбата бил свештеникот Димче Ѓорѓиески, парох варошки од Охрид, со потекло од селото. Градбата била поддржана и од другите селани.

Освен за изградбата на манастирот, протоерејот Димче е заслужен и за изградбата на новиот манастирски конак, за кои неуморно и целосно се вложил.

Храмот е завршен со изградба и осветен на 14.11.2015 година, на самиот ден кога се празнува празникот Св. Козма и Дамјан.

На 25.04.2014 година пак бил поставен камен темелник за преубавиот конак кој денеска го краси црковниот храм.

Во рамки на црковниот храм има и голема и средена трпезарија.

Место кое исполнува срце и душа, каде се ужива во мирот и спокојот, чистиот воздух, погледот…

Посетете ја Опеница и посетете ги двата свети храмови, нема да зажалите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.