Мелани Тарчуловска го освои второто место на “Golden Voice Malta 2020”, а на кој имаше учесници од над 30 држави во светот.
По огромниот успех, 15-годишната Мелани им се заблагодари на своите фанови и на цела Македонија:
“Мене прв пат ми се случува и јас не знам како да се обратам, ама ќе бидам исрена навистина сум пресреќна. Мојот животен сон е музиката, таа е мојот воздух.
Пријатели ви благодарам што ме поддржавте на YouTube каналот. Македонијо моја ви благодарам на сите,, без вашата поддршка и наградата е ништо”.
Почитувано жири од 39те држави ви благодарам за втората освоена награда и што верувавте во мене. Почитувани медиуми од Македонија ви благодарам и вам што застанавте позади мене, што ме поддржавте и што ми дадовте поттик да бидам уште подобра.
Пред се сум горда што ја претставував нашата држава Република Македонија и јас со мојата возраст го доживеав првиот успех за кој што сум сигурна нема да биде последен.
ВЕ САКАМ СИТЕ И ВИ БЛАГОДАРАМ❤️ Мелани”
Во продолжение слушнете ја нејзината изведба и уживајте: