Македонијо биди горда! Над 15.000 деца во 40 градови ја пееја песната “Вечниот Бог” (ФОТО)

На крајот од денешниот празничен ден кога го сумираме бројот на учесници во Бадниковите поворки низ сите 40 градови и населени места низ Македонија, каде од устите на децата радосно се пееше “Вечниот Бог”, со голем восхит можеме да констатираме дека сите очекувања се надминати – напишаа на крајот од вчерашниот ден од Здружението “Бадникови поворки”.

“Бројот на деца-учесници денеска надмина над 15 илјади со што Македонија и дефинитивно може да се пофали дека ја има највеличествената прослава на Бадник, не само на Балканот туку и пошироко.

Во деновите што следуваат, ќе ви ги полниме очите и душите со прекрасни фотографии и видео материјали од целата наша Татковина.

Во овој момент, само сакаме да ви се заблагодариме за сета изобилна љубов и радост!

За многу години! Христос се Роди!”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.