Македонија ќе брка 4 негатива утре во Битола – Коњановски им посака среќа на ракометарките (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, денеска ги посети ракометарките на сениорската женска ракометна селекција на Македонија, кои утре во 18 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од баражот за пласман на светско првенство против Полска.

На куса средба со македонските ракометарки, Коњановски, посака голем успех на ракометарките и селекторот на репрезентацијата, победа и пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија.

-Голема чест за градот е тоа што Битола е домаќин на еден ваков значаен натпревар. Битолската публика која го познава ракометот ќе даде целосна поддршка за успех и победа, истакна Коњановски.

Цената на влезниците е 100 денари, а собраните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.

Македонија утре во Битола ќе брка негатива од 4 гола, по поразот во Полска со 22-18.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.