Македонија си ги замрси сметките за настап на Светско: Ќе играме прво со Романија, па со Чешка

Вчера се одржа ждрепката за бараж дуелите за пласман на Светското ракометно првенство кое во 2023 ќе се одржи во Шведска и Полска.

Во првиот бараж Македонија ќе игра против Романија, во првиот меч ние ќе бидеме домаќини.

Доколку ја поминеме Романија, последниот противник до пласман на Мундијалот ќе ни биде селекцијата на Чешка. Со Чесите реваншот ќе го играме на домашен терен.

Првите баражи, односно натпреварите меѓу Македонија и Романија се играат од 14 до 20 март, додека вторите на програмата се меѓу 11 и 17 април. Првиот меч се игра во Чешка, вториот е во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.