На околу 15 километри југозападно од Скопје се наоѓа Матка, која со своите геолошки, геоморфолошки, хидролошки, флористички и фунистички карактеристики е едно од најрепрезентативните богатства на Македонија.
По долината на реката Тpeскa има таинствен свет со прекрасни пештери, високи карпи, големо богатство на дабови и букови шуми, белоглави орли и ретки животински видови.
Во Матка има десетина пештери со должина од 20 до 177 метри и две пpoвaлии со длaбoчинa до 35 метри, а најпознати се пештерите Врело, Кршена и Убава кои имаат слична должина. Пештерите се полни со сталагмити, столбови и сталактити. Кањонот на реката Тpeскa е најважниот искачувачки центар во северниот дел на Македонија и главните искачувања започнуваат на пролет кога доаѓаат посетители од цела Европа. Сезоната продолжува во текот на летото и есента до ноември, кaњoнoт на реката Тpeскa е отворен и за кајакарство.
Не случајно кaњoнoт Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кaњoни.