МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: ГДОМ со огромен народен собир пред Собрание во 19 часот

Македонија е на нозе во одбрана од украинското сценарио на Зоран Заев. Граѓанското движење за одбрана на Македонја (ГДОМ) повикува за најмасовен собир пред Законовданиот дом.

protest-gdom1-640x360

Во 19 часот пред Собранието на Република Македонија вечерва ќе се одржи огромен народен собир на ГДОМ. По масовните протести изминативе денови низ повеќе градови, ГДОМ со масовен протест пред Парламентот вечерва ќе испрати порака за избори на 5-ти јуни и конечен крај на кризата.

Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите.

-Очекуваме најмалку 50.000 луѓе, можеби и повеќе. Огромна поддршка од граѓаните на Република Македонија бидејќи нели ние сме невладина организација, така што сметаме дека таа поддршка ќе биде многу голема бидејќи не се работи за политичка партија и дека ќе прати голема порака како до Брисел, така и до целата држава, вели Александар Даштевски.

Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.

-Ќе имаме огромен протест во Скопје, ќе видат колку сме им ќе им порачаме дека Македонија може да излезе од криза на 5-ти јуни и да престанат да ги сквернават спомениците, изјави вчера членот на ГДОМ, Филип Петровски.

Од ГДОМ велат дека деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството.

-Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива. Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.