Македонија на врвот на листите каде сите сакаат да бидат последни

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија во поразителната статистика која ја објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

До десетото место следат Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана, кои котираат подобро од Македонија на листата на „Економист“.

Од земјите од регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно е 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска 34-та со 25,5 отсто.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.