Македонските ракометни лавови му се реваншираа на Тунис за одземениот сон за пласманот на Олимпијадата во Рио.
Со голема борбеност и посветеност до самиот крај, Македонија го скрши цврстиот Тунис и победи со 34:30 (13:14) на првиот меч од Светското првенство во ракомет во Франција.
Најефикасен во нашиот состав капитенот Лазаров со 12 постигнати погодоци. Дејан Манасков и Стојанче Стоилов постигнаа по 7 погодоци.
Голем ветар во грбот на нашите репрезентативци беше и влегувањето на голманот Благојче Трајкоски кој во последните моменти одбрани неколку клучни напади на Тунижаните.
Македонија стартува со победа на Светското првенство во Франција и веќе ги насочува погледите кон следниот противник во сабота, против аутсајдерот Ангола.
Секоја чест момци!