Македонецот Гого Славевски стана светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце, откако синоќа го совлада Џејк Лидзи во Мајак.
Славевски е скопјанец од Ѓорче Петров кој веќе десетина години се пробива во САД и конечно успеа да се искачи на врвот во оваа боречка категорија. Нашиот Гого сега има 6 победи во исто толку борби.
По победата тој гордо на цел глас го извика името на нашата држава Македонија.
„Радувајте се Македонци, остваривме историја, остваривме историја. Македонија е мала држава, со едвај два милиони жители и навистина е тешко од таму да се стане најдобар во светот. Но, успеав во тоа зашто ние сме земја на шампиони“, викаше на цел глас Славески по прогласувањето за победник на синоќешната пресметка на Флорида.