Македонија доби СВЕТСКИ ШАМПИОН во кикбокс – Бобан Илиоски стана светски шампион и во ВАКО ПРО

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски ја доби битката со Берк Дузенли и стана светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 до 88,6 килограми.

Голема борба водеа Илиоски и Дузенли во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беа разменети многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелен светски аматерски првак.

Илиоски славеше со 2-1 со одлуката на судиите, па со ова само продолжи да реди успеси на оваа спортска сцена.

Илиоски е актуелен светски и европски ВАКО-аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Македонија, спортист на годината за 2023 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.