Македонија во финалето на ЕУРО 2020: Cyдиите Начевски и Николов ќе го cyдат големото финале во ракомет

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат финалето на Европското првенство во ракомет. ЕХФ ја потврди професионалноста на најпознатата судиска двојка од Македонија и им го додели финалниот меч кој ќе се игра во недела во “Теле 2 Арената” во Стокхолм, oбјави “Balkan Handball”.

Македонците веќе со години се еден од најпознатите и најпрофесионалните судии на меѓународната сцена, како на европските и светските првенства, така и на клубски план, но сега по прв пат ќе имаат прилика да судат на едно големо финале.

Последните две финалиња на големите натпреварувања, ЕУРО 2018 и Светското првенство 2019, ги судеја Хрватите, Матија Губиќ и Борис Милошевиќ.

Натпреварот Шпанија-Словенија ќе го судат Чесите Хорачек и Новотни, додека шпанската двојка Ралуј – Сабросо, ќе бидат во центарот на дуелот Норвешка-Хрватска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.