Македонецот Влатко Андоновски е најсериозниот кандидат за селектор на фудбалската репрезентација на САД во конкуренција на жени која во јули стана светски првак – објави “Експрес.мк”.
Некогашниот играч на ФК Вардар кој потоа играл мал фудбал во сала според американски медиуми се наоѓа меѓу тројцата најсериозни кандидати за шеф на женскиот американски фудбалски тим кој како светски првак ќе атакува и на титулата олимписки шампион.
По заминувањето на селекторката Џил Елис, 42 годишниот Андоновски заедно со Лора Харви од тимот на “Кралевите од Јута” и Ерика Данбах од Пенсилванија Универзитетот е главен кандидат да ја добие една од најважните позиции во американскиот фудбал.
Целиот текст прочитајте го ТУКА