Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.
Синиша Бшковски е македонски граѓанин повратник од странство, кој пред два дена на својот Фејсбук профил ја поздрави Владата во Македонија со фотографии од Ниш во Србија.
„Голем поздрав до владата, моментално околу 100 луѓе чекаат тестирање во Ниш. Секој од овие луѓе најмалку ќе остави по 200 евра во Србија за смештај, тест и храна за 24 часа, колку сме приморани да чекаме за резултат.
Кога би имало барем еден свесен, да постави подвижна лабораторија за земање на брисеви на граница и откако ќе се земе брис, да си одат луѓето во куќна 24-часовна самоизолација до земање на резултатите.