Македонец прв помогнал, заедно со Срби и Грци ваделе автомобили од морето

„Во Метаморфозис луѓето од Србија им помагаа на Грците да ги извлечат потопените автомобили од морето, а во Никити прв кој пришол да помогне на луѓето од автомобилите кои завршиле во морето, пред полицијата и пожарникарите, беше човек од Македонија “наведува сајтот „Грчка Инфо“ на својата фејсбук страница.

Во Метаморфозис и Ормос Панагис, Никити најмногу е погоден во вчерашното невреме и таму материјалните штети се најголеми, а сите Грци се на улиците од рано наутро, чистејќи ги улиците, плажите, продавниците и куќите.

Повеќето локали и продавници работат норамално, а туристите од неколку хотели и вили се евакуирани во други сместувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.