Ернест Дамјановски е Македонец кој живее и работи во Виена. Неговата Тибетска треапија досега донела закрепнување на многу луѓе, а работи и киропрактика.
Ернест им помага на луѓето кои имаат болки во рацете и нозете, проблеми со нервите во кичмата, главоболка и мигрена, како и сите останати болки кои се поврзани со нервниот систем.
Ова е неговата приказна:
“Здраво, се викам Ернест Дамјановски, живеам и работам во Виена, но по потекло сум од Скопје. Мојата професија е местење на нервите во кичмениот столб (тибетска медицина), како и киропрактика. Со оваа професија успешно се занимавам долги години. Моите пациенти се задоволни и имам голем процент на успешност во решавање на нивните проблеми”, вели Ернест за српскиот портал “Војводина Инфо”.
“Киропрактика научив додека живеев во Германија. Тоа ми даде дополнителна сила и сигурност при лечењето на пациентите. Имав голем број пациенти кои имаа проблеми за кои конвенционалната медицина нема решение, освен операција. Самата операција носи големи ризици и знаеме колку е успешна. Меѓутоа, кога пациентите ќе ме пронајдат, знаат дека ги чека решениее без операција”, додава тој.
Во продолжение слушнете неколку интересни приказни од луѓе на кои Ернест им има помогнато: