Марко Стојанов е момчето кое порано настапуваше за кадетската екипа на Напредок. Тој е новата фудбалска гордост на која по се изгледа и претстои фантастична фудбалска кариера.
Од денес Марко е член на Аргентинскиот шампион Бока Јуниорс и дел од ѕвезденото небо на клубот во кој настапувале големите имиња Диего Марадона, Габриел Батистута, Хуан Рикелме и денес Карлос Тевез.
Марко настапуваше во тимот на Нујорк Red Bull и беше избран помеѓу најдобрите 10 фудбалери до 18 години помеѓу 1500 други кандидати.
Исто така претходно Марко беше дел и од младинската екипа на Еспањол во Шпанија.
Му посакуваме големи успеси на Марко на стадионот Ла Бомбонера и се надеваме дека ќе прерасне во огромна ѕвезда која ќе ги брани и репрезентативните бои на Македонија.