На сцената на “Ѕвездите на Гранд” излезе потполно опуштено и со голем стил. Така од почетокот изгледаше настапот на скопјанецот Филип Пецовски кој успеа да ја крени публиката на нозе, а жирито да го остави без зборови.
Филип се претстави со песната “Аdio amore” од Раста и “Volim osmijeh tvoj” од Тоше Проески.
Публиката цело време беше на нозе, а членовите на жирито беа нервозни што поради ѕидот не можеа да видат ништо од тоа.
На крајот од неговиот страшен настап, Филип доби пет гласа, и тоа од Марија, Јелена, Џорџе, Вики и Ана.
После гласањето жирито сакаше да го види неговиот настап одново. Продукцијата дозволи Филип одново да ја испее втората песна, а кога сите видоа каква “лудница” направи во студијото рекоа само “Браво мајсторе”.
На крајот Филип ја избра Јелена Карлеуша за негов ментор, а таа прокоментира “Со задоволство”.
Настапот на Филип почнува на 1:06:10 минути.