Македонецот пред трансфер во Милан ?!

По се изгледа дека Елиф Елмас нема долго да се задржи во Наполи. Имено како што шпекулираат медиумите во Турција и Италија, Бобан и Малдини, водечкиот двоец на клубот од Милано, имал план да дојде до Дијамантот во најскоро време, во зимскиот или летниот преоден рок.

Тие за тоа биле подготвени да му платат на Наполи цели 30 милиони евра, што е двојно повеќе од тоа што наполитанците го платија летово кога го купија од Фенербахче.

Бобан и Малдини воопшто не се задоволни со тоа што го имаат во тимот, па веројатно ќе почне и реконструкцијата на тимот. Една од трансферните желби била нашиот дијамант.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.