Селин Дион останала без зборови откако по редовното поздравување со нејзините фанови, едниот од нив клекнал на колена и ја побарал неговата девојка за негова идна сопруга
Пред нејзиниот настап во Лас Вегас во петокот, Дион се поздравила со нејзиниот фан Остин МекМилан, и нејзиното момче, Ник Јаневски. Веднаш откако се фотографирале со славната пејачка, Македонецот Ник Јаневски направил нешто што пејачката не го очекувала. Свиткал колено, и ја побарал за своја идна сопруга неговата долгогодишна девојка Остин МекМилан.
„Бев шокирана и не знаев што да кажам, во тој момент Селин се сокри позади завесата и ме праша ‘Ќе кажеш ли да?!“, вели МекМилан. „Селин беше шокирана, бев и јас. Беше супер кул и ни посака долг и среќен брак, каков што таа имала со нејзиниот сопруг (Рене Ангелил). Потоа самата себеси се покани на свадбата!“.
https://www.instagram.com/p/BQHTOXnjrfE/
https://www.instagram.com/p/BQHTOXnjrfE/