Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица.
Според првичните сознанија, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега е непознат.
Надлежен јавен обвинител е на терен и работи на откривање на сторителот и на утврдување на мотивите. Во таа насока, издадени се серија наредби за прибирање траги од лице место, вештачења и претреси.