Маестро Џамбазов синоќа имаше прекрасен настап на втората фестивалска вечер на “Пиво Фест” во Прилеп. Тој со неговиот бенд предизвика воодушевување кај илјадната публика.
Македонскиот најдобар шоумен синоќа го прослави својот 59-ти роденден во Прилеп, за што доби голем број честитки.
Во својот настап Џамбазов отпеа и еден специјален поздрав до оние што ги нарекува “тие другите”…
“Партиџано, тоа сме ние, вие сте тие другите. Слави Трифонов и Кирил Петков, о бела чао, бела чао…”, пееше Џамбазов.