Маестрални! Дечките од NEW GENERATION Прилеп, се вратија со одлични успеси од Светското првенство по модерни танци во Будимпешта

Од 12 до 16. јуни во унгарската престолнина Будимпешта, се одржa Светското првенство во модерни танци WDA 2024.

На ова првенство настапија и прилепските амбасадори од студиото NEW GENERATION, и тоа со 30 свои учесници.

Тренерот на дечките од Прилеп, Оливер Богојевски по првенството со нас ги сподели впечатоците и сподели за постигнатите успеси.

-Прилеп и денс студиото New Generation беа со најдобрите во светот. Испишавме историја и се носевме рамно со најдобрите. Светското во Будимпешта беше вистински спектакл со прекрасна и коректна публика. Секој навиваше за секого и со право може да се каже дека сите кореографии беа вистинско уживање.

Дечките остварија врвни резултати, па така во категорија на продукција, нашата формација 048 D.S.N.G. која во 2019 год. го освои првото место Белград, го освои третото место под водство на Ивана Богојевска.

Најмалите, или KIDS DANCERS, екипата составена од Нина, Софија, Михаела, Теона и Јована, во голема конкуренција го освои четвртото место.

Дечките освоија високи позиции и во хип-хоп, каде формацијата составена од триото Сара, Мила и Георгина стигнаа до петотто место, а во хип-хоп соло изведби, Мила беше четвртопласирана, Ивана Богојевска го освои петтото место, а Јана Јованоска беше шестопласирана.

Честитки за нашите млади амбасадори и желби за уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.