Маестрална изведба на песната “Mи заплакало селото Ваташа”, на одбележувањето на 80-годишнината од погубувањето на 12-те ваташки младинци (ВИДЕО)

Во Кавадарци синоќа се одржа Свечена академија по повод 80 години од убиството на 12- те Ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

На настанот беа присутни голем број на гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци, со кој и го најавивме утрешното чествување на 80 години од стрелањето, кое ќе биде пред споменикот на 12-те ваташки младинци во месноста Моклиште.

Настанот беше затворен со маестралната изведба на ,,Ми заплакало селото Ваташа’’ и ,,Цветови’’ од Славко Јаневски од страна на Игор Џамбазов, Андријана Јаневска и Катерина Танева.

Слушнете во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.