Маестрален Новогодишен концерт на музичкото училиште од Прилеп пред преполна сала со публика (Фото галерија)

Со маестрален концерт пред преполната сала во Центарот за култура “Марко Цепенков”, основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп го одржа својот традиционален Новогодишен концерт.

Празничниот дух и новогодишната еуфорија во Прилеп се будат токму со овој настан. Новогодишниот концерт на музичкото училиште оваа година имаше посебно значење.

Имено, оваа година се одбележуваат 80 години од смртта на патронот Ордан Михајлоски- Оцка и 80 години од создавањето на неговата песна “А бре, Македонче” – химната на партизанското движење во Македонија.

И оваа година публиката имаше можност да ужива во изведбите на учениците од сите инструментални оддели од училиштето, како и поранешни ученици, а сега дел од државните музички училишта, факултети како и дипломирани музичари.

Секако, тука беа и ученичките хорови, хорот од наставниците и оркестарот од училиштето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.