Мадона ужива со 35 години помладото момче- сликани на балкон во непријатна позиција

Една од најпопуларните пејачки на сите времиња 61-годишната Мадона камерите во последните неколку месеци повеќе пати ја „уловија“ во друштво на младиот танчер, 26-годишниот Ахламалик Вилијамс кој е само три години постар од нејзината ќерка Лурд Марија Чикона.

Иако за нивната врска досега само се негодувало, се чини дека нивните заеднички фотографии кои настанале на балконот на еден луксузен хотел во Мајами, додека разменуваат нежности, ја потврдуваат таа вест.

На нив се гледа дека тој не ги трга рацете од колковите на Мадона, додека со едната рака и нежно ѝ го масирал грбот.

Гласините за нивната врска започнале во јуни оваа година откако Мадона на профилот на Инстаграм споделила видео на кое тој тверка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.