Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 150 метри и појава на магла има на планинскиот премин Плетвар и слаби врнежи од снег, но без задржување на коловоз, информира попладнево ЈП „Македонијапат“.
Оттаму истакнуваат дека сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
























