Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21.век
Оваа година Општина Крушево за прв пат учествува на Саемот за туризам, претставувајќи го Крушево како туристичка дестинација атрактивна за посета на туристи преку целата година.
Крушево Ви нуди авантури за сите сезони –
Крушево на планина – сместено помеѓу најубавите планини во Мкедонија, насекаде ќе ве следи преубава глетка и по некое парче од нашата историја.
Крушево на точак – Никако не пропуштајте извонредна прилика да уживате во природата на точак. Нашите мапирани патеки ќе ги најдете на www.discoverkrushevo.com – Тука го имаме настанот Крушево низ корија секое лето – масовен настан за возење на точак низ Крушевските планини.
Крушево на снег– Зимата секако највозбудливиот период за нашите најмили . Крушевските планини се благи и пријатни за уживање во снежните активности. Се тоа комбинирано со историјата Ви нуди можност за одлична зима преполна со убави моменти и сеќавања.
Крушево на небо – Дефинитивно најпрепознатливиот спорт во Крушево е летањето со параглајдер. Летајте и видетеја Македонија на дланка од небо. Пробајте еднаш и гарантираме дека ќе се враќате секое лето..
Крушево за одмор и љубов
Шармантно мало гратче за заљубените- тука наполнете ги батериите и максимално релаксирајте се со Вашата љубов.
Полни очи – Каде и да се движите ве следи преркасна глетка на Крушево и околината, а доколку сте авантуристи и се искачите на крстот ќе имате глетка која што ќе ви остане врежана засекогаш.
Полни гради– Совршен спој на урбана средина со густа шума и вековни дрвја, ви го регенерира Вашето здравје и ве мами секое утринско кафе да го пиете на отворено.
Полно срце – Крушево на светот му даде ѕвезда, позната како Тоше Проески, која што љубов ја промовираше и ширеше насекаде. Денес Крушево прерасна во место што ја слави љубовта како единствена цел за нашето постоење. Сите спомени на нашиот Тоше собрани во неговата спомен куќа отворена за сите заљубени посетители.
Полни батерии – Ако Ви треба само одмор, тука сте на совршено место. Нашите пријатни лета и меќи зими Ви даваат можност да здивнете од брзото темпо на живот.
Крушево- град на култура
Одлична можност да видите се она што нашите предци го оставиле во наследство. За да се запознаеш себеси треба да ја познаваш својата татковина а тоа најдобро можеш да го научиш во Крушево. Секоја година се слави големиот Македонски празник Илинден, првиот момент од раѓањето на нашата Република. Тука ни е Крушево Етно Град- уникатен настан, каде што вашето присуство Ве доближува до минатото. Може да уживате во нашата богата и вековна традиција пренесена низ традиционалната облека и прекрасна музика.
Она што е сигурно дека од Крушево дома гладни не се враќате. Храната е неиизбежен дел од нашата култура. Традиција преточена во богата софра што никој не останува рамнодушен. Покрај тоа што Крушево нуди локална варијанта на најпознати Македонски јадења, во Крушево ќе најдете и уникатни јадења кои што не се припремаат на ниту една дуга локација
. . да му дадеме шанса на туризмот, на убавините на Крушево и на гостите кои секоја година се почесто доаѓаат во Крушево…
www.krusevo.gov.mk
www.discoverkrushevo.com
#LoveKrusevo
#DiscoverKrushevo