Магијата со “ножички” на 17-годишниот Димитар Шаркоски, што го забетонира триумфот на Победа над Куманово и опстанокот во Втора лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Победа обезбедија опстанок во Втората фудбалска лига, откако вчера на стадионот во “Ѓорче Петров” го совладаа Куманово со 2:1.

Иако се работи за опстанок во Втора лига, ова е огромна радост за младата екипа на црвено-белите, како и за фудбалските вљубеници во Прилеп.

Триумфот за прилепчани го донесоа Давид Дебрешлиоски во 62-та и Димитар Шаркоски во 71-та минута. Куманово успеа да намали само на 2:1 во 73-та минута преку Дарио Десниќ.

Токму погодокот на 17-годишниот Шаркоски е нешто за што денеска зборуваат сите фудбалски вљубеници во Прилеп. По еден центаршут од левата страна играчот погоди на атрактивен начин, со „ножички“, и донесе огромна радост кај бројната навивачка група “Мајмуни”, кои верно ги следеа црвено-белите од трибините.

ВИДЕО: ГОЛ.МК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.