Извонредна вечер на унгарски танци и песни се одржа во петокот вечерта на платото пред Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп.
Публиката во голем број, уживаше во настапот на ФА Ризгетош и врвниот оркестар Фокош, кои одлично го претставија унгарскиот фолклор и традиција.
По речиси час и дваесетина минути, исполнети со танц и песна, фолклористите и оркестарот беа наградени со аплаузи.
Вечер за паметење, во која на крајот беше вклучена и публиката!
Центарот вечерта, традиционално, во рамките на меѓународната соработка, ја реализираше во соработка со Здружението на Унгарците Теледом, Амбасадата на Унгарија во земјава и Министерството за надворешни работи на Унгарија.