Лekoт е пет пари, ама на кој да му текне: Во оваа држава кopиcтат бoмбapдиpaње со ceме од дрвца и обновyваат цели шyми (Видео)

Поради човечката невнимателност најчесто исчезнуваат цели прашуми и шуми кои. Некои држави овие појави се обидуваат да ги спречат со високи казни за сечење на шумите, но на глобално ниво резултатите сеуште изостануваат, па планетата се повеќе се соголува. Сепак има надеж! На Тајланд пронашле одличен начин да ги обноват своите шуми, со проектот “семени бомби”.

Tajланд со години неуспешно се борел со “дефореизацијата”, но властите во оваа држава дошле до фантастична идеја, преку распрскување со посебни семиња со помош на авиони за да ги пополнат соголемите површини.

Идејата за семени “бомби” е стара речиси цело столетие, а прв ја предложил еден пилог од РАФ, додека пак добро ја проучиле научниците од компаниајта “Lockheed Martin Aerospace”. Научниците од оваа компанија сметале дека во една минута можат да се засадат повеќе од 3.000 дрвца, додека во цел ден би можеле да се засадат и до 900.000.

За да може да се овозможи успешен развој на секое дрво со “семените бомби”, потребно е семето претходно добро да се припреми. Всушност, семето се обвива во комбинација со земја и ѓубриво, а потоа со раце се обликува во топчиња. Се внимава во смесата да не се додава многу вода за да не се формира кора околу семето која потоа тешко се пробива.

Подготвените топчиња мораат што побрзо да бидат расеани на крајната дестинација.

Тајландското кралско воздухопловство веќе со години учествува во овој проект, и тоа со голем успех, а поради својот успех се сметаат за национални херои. Научниците утврдиле дека со “семените бомби” се спасени преку 100 видови дрвја и над 1000 видови животни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.