Лaтac: Пpeднocта е на cтpaната на BMPO-ДПМНЕ во изнoc од 1,6 до 4 %, тоа го велат и дoмaшни и cтpaнcки анкeти

Во врска со вчерашната изјава на Зоран Заев дека СДСМ води на анкетите новинарот Драган Павловиќ – Латас во синоќешната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија изјави дека кога се анкетите во прашање, анкетираат и домашни и странски институции во Македонија и сите анкети говорат дека предноста е на страната на ВМРО-ДПМНЕ во износ од 1.6 до 4 отсто.

“Науката кажува дека во западните земји кај што има демократија, народот од едни до други избори го менува своето мислење од околу 30 посто. Кај нас во Македонија до 20 посто.

Затоа што за големи промени треба големи мотиви. Зоран Заев не негираше дека пред нова година губеа со 4 посто.

Дури и според американскиот Институт NDI СДСМ губеше на нивните анкети. Но, СДСМ реагираше на тоа па, разликата се слеа во корист на СДСМ.

Затоа велам дека толкава драстична промена во анкетите, како што кажува Заев не е можно”, истакна Латас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.