Исчезната е прилепчанката Биљана Јандереска Андоноска, семејството моли за помош!
Биљана последен пат била видена во село Крушеани, општина Кривогаштани, од каде е видена како заминува со својот автомобил во текот на вчерашниот ден.
-Луѓе мои помагајте Ве премолувам! Мојата сестра Биљана е исчезната веќе повеќе од 24 часа.
Последен пат е видена во С. Крушеани од каде заминала со својот автомобил Audi A4 со рег.таблици PP 7822AG темно мастилна боја. Од таму и се губи секоја трага и мобилниот и е недостапен. Ве молам доколку некој ја забележи да ме контактира мене или некој од моето семејство.
Ве премолувам помагајте мојата сестра и мајката на Дори и Таиса да се врати жива – стои во апелот за помош на сестрата на Биљана.
Секој кој има некоја информација нека контактира со семејството на телефонските броеви: 075 441 485 и 078 300 822.