Еден хороскопски знак има подобри шанси од сите останати да стане позната личност. Спроведено е дури и истражување кое го потврдило тоа.
Луѓето кои се родени во знакот на Водолија имаат шанси повеќе од останатите да станат славни и ekcтремно богати. Не се работи за случаен избор, ниту астролошко измислување, туку оваа теорија е и потврдена. Истражувањето кое се водело на оваа тема е објавено во списанието Journal of Social Sciences. Истражувачите зеле 100 славни луѓе од различни области, од пеачи, актери, до спортисти, уметници и научници. Одбирале славни личности кои се умрени, некои кои се живи, мажи, жени…
И она што е докажано е дека повеќето се родени меѓу 21 јануари и 19 февруари, што значи дека се во хороскоп Водолии.
За да ја проверат и докажат теоријата, истражувачите го зголемиле бројот на славни личности вклучени во истражувањето. Најпрво, бројот на испитаници го зголемиле на 200, па на 300, но резултатот бил секогаш ист. Иако биле застапени и други хороскопски знаци и понатаму најзастапена била Водолијата. Освен Водолија, останати помалку застапени знаци биле Лав и Шкорпија.
Од друга страна, знаци кои се најмалку застапени, и според истражувањето имаат најмали шанси да станат познати и богати се Стрелец и Бик.