ЛУДИЛОТО ПРОДОЛЖУВА: Платениците на СДСМ нападнаа татко и жена со болно дете (ВИДЕО) Додека таткото очај

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

napad-roditel

Платеничките револуционери на СДСМ и СОРОС вечерва нападнаа родител за време на протестите на таканаречената шарена револуција која секојдневно маршира низ скопските улици и ги блокира истите.

Вандалите и хулиганите кои протестираат во функција на најголемата опозициска партија нападнаа родител кој, како што објаснил,  брзал за да го пренесе болното дете на лекар.

Опозициските платеници почнаа да фрлаат со пластични шишиња кон автомобилот, сакајќи да се пресметаат со таткото и жената со болното дете кои се наоѓаа во автомобилот, што само покажува до каде е стигнат очајот и лудилото во платеничките редови.

Додека таткото очајно го бранеше своето болно дете од насилниците на СДСМ кои физички го нападнаа и се обидуваше да се разбере со платениците, болното дете и мајката во автомобилот доживуваа траума и ги гледаа навредите, свиркањата и физичките напади врз таткото кој очајно сакаше да помине.

Со ваквото однесување, СДСМ и соросовите платеници уште еднаш докажаа дека нема дно кое не можат да го пробијат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.