Локвенец: “Прилеп е кластер, пациенти молат за киcлopoд, а Јованоски го полни Водовод со партиски послушници” (Видео)

Во услови кога Прилеп секојдневно бележи црни рекорди на новозаразени и починати од коронавирусот, за власта на СДСМ во Прилеп единствено важно е вдомувањето на партиските послушници и одработувачи – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Во само еден ден ЈКП Водовод Прилеп објави оглас за вработување на 18 лица, што е срамно, жално и трагично кон сите граѓани кои доживуваат црни судбини и кон медицинскиот персонал кои мака мачат да стигнат и помогнат насекаде.

Наместо да се обезбеди дополнителен медицински персонал, дополнителен простор за лекување на заразените со Ковид-19 и дополнителни тестови, за градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Водовод, Емил Јанески, важно е отчестувањето со нивните партиски теренци.

Толку од чесните намери на Јованоски за борба против пандемијата и спасувањето на човечки животи.
Потсетуваме дека истото ова претпријатие потроши над 287.000 евра за времени вработувања во месец април оваа година.

Исто така потсетуваме и дека пред извесно време и ЈКП Комуналец вдоми 85 партиски послушници.

Почитувани,

Прилеп е град кластер, пациенти молат за кислород во болницата, граѓани со денови чекаат да се тестираат, докторите се изнемоштени и молат за помош, а Јованоски вели се е во ред, дезинфицирајте се и држете дистанца.
Со ваков однос и со вакво расфрлање со народните пари само Бог нека ни е напомош.

Оваа власт нема слух за ништо, затоа секојдневно имаме огромни бројки на новозаразени и починати од Ковид-19.

На ова лудило ќе му дојде крајот, но за жал цената која ќе ја платиме со овие луѓе на власт ќе биде преголема.
Ги повикуваме властите сериозно да се ангажираат во справувањето со корона кризата.
ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање за секаква помош.

Свестете се, затоа што животот на секој граѓанин е драгоцен и далеку повреден од вашите партиски игри и отчестувања на сметка на буџетот на општината”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.