Локвенец нов потпретседател на СДСМ?

Пратеникот Хари Локвенец се споменува како еден од можните нови потпретседатели на СДСМ, објави весникот „Независен“, повикувајќи се на високи партиски извори.

Според „Независен“, се очекува старо-нови потпретседатели на партијата да бидат Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири, кои не беа избрани во новиот Извршен одбор, но по автоматизам ќе станат дел од ова тело како потпретседатели.

Петтото потпретседателско место, пак, е резервирано за жена, за што, објави весникот, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.