Локвенец: “Криминалот со полнењето на вештачкото езеро, го плаќате вие изманипулирани сограѓани? Казната следува во недела” (Видео)

“Почитувани 23.000 домаќинства во Прилеп кои редовно ги подмирувате сметките за вода иако 60% повисоки благодарение на Градоначалникот и оваа неспособна локална власт! Да ве потсетиме, иако тоа денес не тема на овој прес: ВИЕ верувавте, а дел и гласавте за 20% пониски сметки за вода, напротив како и многу други лаги, добивте тоа што ни на крај памет не верувавте” – посочи на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

“ВМРО-ДПМНЕ подолг период алармира, дека оваа власт го испусти и го пресуши прилепското вештачко езеро. Со тоа, ја исуши и иднината на 10.000 семејства кои се занимаваат со земјоделие во регионов. Се што допреа уништија, затоа да не ве чудат овие хорор слики од сегашната состојба на езерото. (слики)
Апелиравме со најдобра намера, во периодот кога се можеше, да се спречи ова и да се спаси и езерото и земјоделците.

Денес е касно, а покрај тоа штетите од незнаењето, а можеби и желбата за криминал ги плаќате вие 23.000 семејства директно од вашите џебови.

Имено, прашуваме: “Дали е точно дека деновиве вештачкото езеро се полни со пивка вода од Студенчица, онаа вода која е 60% поскапена и за која во светот се водат војни?

Дали некој направил пресметка колку пари за колку кубици вода ќе легнат на контото на Студенчица, и од вашите прилепски џебови за нови партиски вработувања?

Дали некој ќе одговара за овој скандал?

Почитувани прилепчани,

Ова е втор пат некој да се богати на ваш грб! Првиот пат, вие ги платитле долговите на Тетово,Куманово,Струга,Охрид…на кои оваа неспособна Влада им исплати 50% од долговите што Вие не сте ги направиле. Вие плајќајте за други да купуваат Пасати од 70.000 евра, фотељи од телешка кожа, лубриканти за 1,5 милиони евра, а Прилеп, Прилеп нека се распаѓа!!

Затоа до 5ти мај сетете се, што се уништија овие од ЗЛОСТОРНИЧКОТО ЗДРУЖУВАЊЕ во Прилеп и имате можност да ги казните зад Параванот.

А за скандалот со пивката вода во вештачкото езеро и за злосторничкото здржување, очекуваме конечно реакција и од обвинителството”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.