Прес-конференција на Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржаната прес-конференција)
“Во текот на вчерашната седница на советот на Општина Прилеп, беше донесена одлука за формирање на ново претпријатие за енергетика.
Ако се земе предвид фактот дека Прилеп е далеку од гасификација, дека во нашата оптштина немаме потрошувачи, корисници на гас, јасна е целта за постоењето на едно вакво претпријатие во кое ќе треба да се вдомат партиски кадри од редот на СДС.
Во текот на вчерашната седница, именуваниот директор Игор Спиркоски кој ќе треба да застане на чело на ова претпријатие, соопшти дека истиот бил во роднинска врска со градоначалникот Јованоски. Истото лице го потврди фактот дека сеуште е далеку протекувањето гас во нашиот град највероватно до крајот на мандатот на градоначалникот.
Оваа локална власт предводена од СДС досега покажа дека е успешна само во една работа, а тоа е вработувањето на роднини и пријатели на високи партиски функционери, во јавните претпријатија, на убави и раководни места. За жал, не само што оваа практика на непотизам не прастанува, туку истата продолжува, овој пат без срам, на штета на обичниот граѓанин кој едвај врзува крај со крај, заработувајќи го чесно парчето леб.
Животот кој го ветуваа предизборно, дојде за неколкумина најблиски. Иако во овој момент во Прилеп, нема апсолутно никаква потреба од едно вакво претрпијатие, сепак некој решил дека покрај трупање на Општината и останатите институции со нови кадри блиски до СДС, потребно е да се формира уште едно претпријатие за нивно вдомување.
Како што тргнале да размислуваат градоначалникот Јованоски и претседателот на совет Талески ништо чудно во иднина да формираат претпријатие кое ќе биди на границата на научна фантастика при тоа губејќи ја реалноста за градот. И додека оваа локална власт има мизерен процент на реализирани проекти,
Општината ќе треба да издвојува пари од буџетот за финансирање на ова ново претпријатие, или поточно ќе се трошат пари на плати за партиски војници.
Градоначалник уште колку членови од вашата фамилија имате за вработување и поставување на раководни позиции?
За доброто на сите нас, за доброто на Прилеп и Македонија треба што поскоро да заврши ваквата политика на СДС”.