Локална конференција за социјална инклузија на млади и жени

Во рамки на проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, а во организација на локалните координатори – Луна Тринити –Тренинг центар за личен развој комуникација и советување денес ја одржа Локалната конференција за социјална инклузија на млади и жени.

WP_20170202_13_16_17_Pro

Проектот МАПСИ е финансиран од IV ИПА компонента за развој на човечки ресурси од страна на ЕУ. Предвидено е 18 општини да креираат локални стратегии за социјална инклузија на млади и жени заедно со сите локални чинители.

Целта на оваа локалната конференција беше да се соберaт сите претставници на локално ниво, преставници на институции, граѓански организации кои работат со целни групи жени и млади и истите да учествуваат во формирањето на Локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Прилеп – ЛАПСИ. Конференцијата ќе претставува почетна точка за континуирана работа, креирање на база за понатамошна соработка и развој на дијалог, по што Локалната платформа за социјална инклузија ќе работи на подготовка на стратегија за социјална инклузија на жените и младите – ЛАПСИ од општина Прилеп.

WP_20170202_12_38_11_Pro

На првиот дел од конференцијата се дискутираше за документите кои постојат на локално ниво, а се однесуваат на социјалната инклузија на маргинализирани групи. Иако секоја година општина Прилеп подготвува програма за социјална заштита со која се опфатени маргинализираните групи, сепак не е познат ефектот од реализацијата на активностите опфатени со програмата и колку тие решаваат приоритетен проблем на целните групи.

МАПСИ проектот е одлична можност сите локални чинители преку вмрежување во локалната активна платформа за социјална инклузија заедно да допринесат за  креирање на една активна локална стратегија која ќе  ја одслика реалноста и која преку соодветни мерки ќе ги реши приоритетните проблеми на младите и жените од општина Прилеп”, изјави Маја Тромпеска, локален координатор на МАПСИ.

WP_20170202_13_24_08_Pro

Вториот дел од конференцијата беше посветен на конкретните чекори кои ќе ги дадат насоките врз основа на кои ќе биде изработена локалната стратегија за социјална инклузија на жените и младите во општина Прилеп, како и на матрицата преку чие пополнување понатаму ќе се следи имплементацијата на оваа стратегија. Заклучено е дека преку градење на локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Прилеп и континуираната соработка помеѓу институциите и организациите кои работат со млади и жени а делуваат на територијата на Прилеп, ќе се допринесе кон заедничко решавање на конкретни локални проблеми кои ги засегаат овие две целни групи.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.