Ловџиите го поканија градоначалникот Ристески на „Ловечката вечер“

Членовите на ловното друштво „Мукос“ од Прилеп традиционално ја посетија Општина Прилеп и го поканија градоначалникот Марјан Ристески на нивната манифестација, која ја организираат секоја година, насловена како „Ловечка вечер“. Инаку ловното друштво „Мукос“ е едно од најголемите ловни друштва во Македонија.

_MG_4794

„Ние сме едно од најголемите друштва во Македонија, располагаме со 13 терени за лов и имаме околу 600 членови. Нашата соработка со локалната самоуправа на Прилеп секоја година е се поголема и подобра и му се заблагодаруваме на градоначалникот, Марјан Ристески, за поддршката која ни ја дава. Исто така официјално го поканивме да присуствува на нашата „Ловечка вечер“ која ќе се одржи на 25 февруари“, рече Златко Петровски, претседател на ловечко друштво „Мукос“.

_MG_4782

Градоначалниот Ристески ја потенцираше одличната соработка која Општина Прилеп години наназад ја има со ова ловно друштво.

„Ловното друштво „Мукос“ традиционално, секоја година, доаѓа тука во мојот кабинет, на која средба разговараме за идните планови на Друштвото и за тоа во која насока треба да се одвива соработката на ова Друштво со локалната самоуправа, соработка која што сега е на доста високо ниво. Инаку ова е еден од најмасовните спортови и рекреации кои се негуваат во Прилеп. Чест и задоволство ми е секоја година да присуствувам на „Ловечката вечер“. Се надевам дека во иднина преку развојот на ловот, кај нас ќе се развива и ловниот туризам кој што е доста развиен во Македонија и регионот“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_4790

Од локалната самоуправа истакнаа дека поддршката кон ловното друштво „Мукос“ ќе продолжела и во иднина.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.