Лишен од слобода 15-годишник од Кавадарци: Во домот му пронашле 8 украдени велосипеди

На 04.09.2023 во 14.00 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишен малолетник од Кавадарци.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.